Кошарка

Ашаданов: Имаме млада генерација која треба покаже што знае

Ашаданов: Имаме млада генерација која треба покаже што знае

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги одработува подготовките за вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ и во рок од седум дена ќе одигра три натпревари.

Во рамки на групата Ф, за македонските девојки следуваат дуелите со Данска (11. март) и Грција (14. март) на гостински терен, како и домашниот натпревар со Хрватска (17. март) во Скопје.

– За разлика од претходниот циклус, ова е нешто ново за нас, ќе имаме далеку подмладен за разлика од претходниот циклус. Некои од возрасните кошаркарки се веќе откажани, затоа имаме една млада репрезентација, која пред себе треба да покаже желба, треба да го покаже тоа што го знае, и да започне нешто што треба да се гради во наредните години, а како спортски работник никогаш не можам ада кажам дека се откажувам од победите, изјави селекторот Александар Ашаданов.

Во првиот дел на натпреварувањето во групата македонските кошаркарки ја остварија една победа совладана беше Данска со 79:78, додека претрпе два пораза од Грција и од Хрватска.
To top