Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер на следните натпревари ќе настапи ослабен откако средниот бек Домен Тајник денеска беше опериран.
Во Битола му беше направен операција на слепо црево. За словенечкиот репрезентативец сега ќе следи пауза и рехабилитација.
Отсуството на Тајник ќе биде сериозен проблем за тренерот Стевче Алушовски на дуелот со Барселона во среда, а секако и за дуелот од плеј офот против Вардар.
Колку натпревари ќе пропушти Тајник не е познато, но неговото неиграње ќе биде голем хендикеп за македонскиот првак.