Свет се следат настаните на блискиот исток

Г7 подготвени на мерки за стабилизирање на снабдувањето со енергија, можно е ослободување на залихи

Г7 подготвени на мерки за стабилизирање на снабдувањето со енергија, можно е ослободување на залихи

Министрите за финансии на земјите од Групата 7 (Г7) објавија дека се подготвени да ги преземат сите потребни чекори за поддршка на глобалното снабдување со енергија, вклучително и ослободување на нафта од стратешките резерви.

Во заедничка изјава по виртуелниот состанок одржан денес, министрите изјавија дека ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата и развојот на енергетските пазари во светлина на конфликтот на Блискиот Исток.

-Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и развојот на енергетските пазари и ќе се состануваме по потреба за размена на информации и координирање на активностите во рамките на Г7 и со меѓународните партнери. Подготвени сме да преземеме потребни мерки, вклучително и поддршка за глобално снабдување со енергија, како што е ослободување на залихи, се вели во соопштението, според Блумберг.

To top