Промо комерцијална објава

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ќе спроведе национален проект за вклучување на средношколци во бизнисот

Нов национален образовен проект што треба да ги вклучи средношколците во светот на бизнисот, претприемништвото и иновациите беше претставен на 20-тата седница на Управниот одбор на Хајделберг бизнис школата – Факултет Скопје. Станува збор за „Национален бизнис предизвик за средношколци 2026“, иницијатива што има цел да создаде нова генерација млади бизнис-лидери во Македонија.

Проектот ќе им овозможи на средношколците уште во рана фаза да се запознаат со современите деловни концепти, реалниот сектор и претприемништвото, преку практични предизвици, работа со ментори и директна поврзаност со европскиот образовен модел.

Во рамки на иницијативата ќе се реализира и Хајделберг средношколска бизнис турнеја, која ќе опфати од 8 до 12 водечки гимназии, од 600 до 900 средношколци, повеќе од 150 учесници на бизнис-хакатони и 10 победнички тимови. Големото финале е планирано да се одржи во кампусот на Хајделберг бизнис школата во Скопје.

Проектот ќе се спроведува во партнерство меѓу Хајделберг бизнис школата – Факултет Скопје, Град Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Елемент ПР, со амбиција да се изгради национална платформа што ќе ги охрабри младите да размислуваат креативно, претприемачки и стратешки.

Покрај поддршката на овој нов проект, на седницата беше потврдена и стратегијата за понатамошен развој на Хајделберг бизнис школата – Скопје. Во фокусот остануваат проширувањето на германскиот дуален модел на образование, зајакнувањето на соработката со германски компании што инвестираат во Македонија и отворањето нови можности за практична обука и вработување на студентите.
Во таа насока беа најавени и нови заеднички иницијативи со компании присутни во земјава, со цел уште посилно поврзување на академијата со реалниот сектор.

Со новиот проект за средношколци и со јасната развојна стратегија, Хајделберг бизнис школата – Факултет Скопје ја зацврстува својата позиција како мост меѓу образованието и бизнисот, но и меѓу македонскиот и германскиот образовен и економски простор.

To top