Скопје во периодот од 12:00 до 18:00 часот

Крводарителска акција во четврток во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон оваа акција и со својот придонес да помогнат во обезбедување на доволни количини крв за оние на кои им е неопходна.

Крводарителска акција во четврток во општина Ѓорче Петров

На 12 март 2026 година (четврток) во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи крводарителска акција во рамки на Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината.

Акцијата ќе се реализира во Центарот за култура во Ѓорче Петров, во периодот од 12:00 до 18:00 часот.

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон оваа акција и со својот придонес да помогнат во обезбедување на доволни количини крв за оние на кои им е неопходна.

Со дарување крв, граѓаните директно придонесуваат за спасување на човечки животи и покажуваат солидарност и хуманост кон заедницата.

To top