Свет ќе мора да докажат дека имаат над 18 години

Еве која земја воведува строга проверка на возраст за пристап до содржини за возрасни

На децата не им дозволуваме да влегуваат во барови, продавници за алкохол, казина или продавници за возрасни. Но на интернет таква заштита речиси и да нема“, рече таа.

Еве која земја воведува строга проверка на возраст за пристап до содржини за возрасни

Австралијците отсега ќе мора да докажат дека имаат над 18 години за да пристапат до интернет содржини за возрасни, како што се порнографија, видеоигри со ознака R и сексуално експлицитни AI чат-ботови.

Новите мерки се дел од пошироките напори на австралиската влада да ги заштити децата од штетни содржини на интернет. Платформите што нема да ги почитуваат правилата може да се соочат со милионски казни.

Законот стапува на сила само три месеци откако Австралија воведе забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години.

Повереничката за е-безбедност Џули Инман Грант изјави дека ваквите мерки се неопходни затоа што на интернет нема заштита каква што постои во реалниот свет.

„На децата не им дозволуваме да влегуваат во барови, продавници за алкохол, казина или продавници за возрасни. Но на интернет таква заштита речиси и да нема“, рече таа.

Досега корисниците во Австралија, како и во многу други земји, ја потврдуваа возраста само со едноставно кликнување на поле. Според новите правила, платформите како пребарувачи, продавници за апликации, социјални мрежи, порнографски страници и AI системи ќе мора да воведат построги проверки.

Тие може да вклучуваат технологија за препознавање лице, дигитални лични карти или податоци од кредитни картички.

Истражување на австралиската агенција за е-безбедност покажало дека секое трето дете на возраст од 10 до 17 години има видено сексуални фотографии или видеа на интернет, додека повеќе од 70 проценти биле изложени на содржини со насилство, самоповредување или промовирање нарушувања во исхраната.

Неколку дена пред стапувањето на сила на законот, некои од најголемите порнографски страници во светот – RedTube, YouPorn и Tube8 – веќе го блокираа пристапот за корисници од Австралија.

Компанијата Aylo, која ги поседува овие платформи, соопшти дека ќе ги почитува новите правила, но изрази сомнеж во нивната ефикасност. Според нив, мерките можат да создадат проблеми со приватноста на податоците и да ги насочат корисниците кон нерегулирани и нелегални страници.

Некои експерти исто така се скептични. Според професори од Универзитетот Нов Јужен Велс, ваквите закони може само делумно да го ограничат пристапот, бидејќи младите лесно можат да користат VPN, туѓи документи или кредитни картички за да ги заобиколат проверките.

Критичарите предупредуваат и дека ваквите мерки можат да создадат нови ризици за приватноста, бидејќи проверката на идентитетот ќе биде поврзана со многу лични интернет активности. Слични закони веќе воведе и Обединетото Кралство, кое бара строга проверка на возраста на корисниците на порнографските страници, со високи казни за прекршителите.

To top