Познати се четирите екипи што обезбедија пласман на завршниот „фајнал-фор“ од ракометниот Куп на Макеоднија во машка конкуренција.
Тимот на Охрид им се приклучи на бранителот на куп трофејот, Вардар, актуелниот шампион Еурофарм пелистер и составот на Алкалоид.
Ова откако вечерва охриѓани пред својата публика во салата „Биљанини извори“ го совладаа Куманово убедливо со 35:18.
Претходно во „полуфиналните“ дуели од групата „В“ Охрид беше подобар од Тиквеш, а Куманово од Млаз Богданци.
Завршниот турнир „Фајнал-фор“ турнир ќе се игра на 18 и 19 април, а локацијата и организаторот дополнително ќе биде одреден.