Фудбал Серија а

Модриќ купи 60 билети за миланското дерби, за своето семејство и пријатели

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, ги покани своето семејство и пријателите на дербито со Интер.

Модриќ купи 60 билети за миланското дерби, за своето семејство и пријатели

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, ги покани своето семејство и пријателите на дербито со Интер.

Натпреварот од 28. коло во Серија А на „Сан Сиро“ се игра вечер со почеток во 20:45 часот.

Според „Скај Спорт Италија“, Модриќ купил 60 билети за миланското дерби, за своето семејство и пријатели. Меѓу поканетите на натпреварот бил и поранешниот соиграч на Лука од Хрватска, Марио Манџукиќ.

Манџукиќ играше за Милан во сезоната 2020/21.

Поврзани теми

To top