Организаторите на Формула 1 донесоа непопуларна одлука, која треба и официјално да се потврди.
Поради состојбата на Блискиот Исток и новонастанатата ситуација со војната, трките во Бахреин и Саудиска Арабија речиси сигурно нема да се одржат.
Ситуацијата можеби и ќе се подобри, ама тешко дека ќе има доволно време за организација на настаните.
Иако фановите очекуваа трките да бидат заменети две други, челниците на ФИА немаат во план да одредат заменски трки како што тоа беше во времето на ковид.
Трката во Бахреин според распоредот е планирана за 12 април, додека трката во Саудиска Арабија седум дена подоцна.