Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ја освои пол-позицијата за првата трка во новата сезона во Формула 1, која ќе се одржи во Австралија.
Расел до својата осма пол-позиција во својата кариера, на патеката Алберт Парк, стигна со време од 1:18,518 минути.
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, беше втор, со заостанување од 0,293 секунди, додека Исак Хаџар од Ред Бул заврши на третото место, со заостанување од 0,785 секунди.
Членот на Ферари, Шарл Леклер, се квалификуваше на четвртото место, додека Оскар Пјастри од Мекларен заврши петти.
Актуелниот шампион и возач на Мекларен, Ландо Норис, ќе ја започне трката од шестото место. Луис Хамилтон (Ферари), Лиам Лосон (Рејсинг Булс), Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) и Габриел Бортолето (Ауди) ги комплетираа првите десет. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, излезе од патеката во првиот дел од квалификациите и ќе ја започне трката од дваесеттата позиција.
Трката за Големата награда на Австралија ќе се одржи утре во 05:00 часот наутро.