Фудбал

Џеси Лингард потпиша со Коринтијанс

Џеси Лингард потпиша со Коринтијанс

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, пронајде нов клуб и потпиша договор со бразилскиот Коринтијанс до крајот на сезоната.

Со тоа, тој станува првиот англиски фудбалер кој ќе настапува во најсилната бразилска лига.

„Ги видов навивачите на аеродромот како скандираат ‘Напред, Коринтијанс!’. Има толку многу страст кај нив, прекрасно е тоа да се види.

Соиграчите, тренерот и директорот ме пречекаа со раширени раце. Првите впечатоци се одлични и едвај чекам да заиграм“, изјави Лингард.

Претходно, англискиот интернационалец се поврзуваше со клубови од МЛС лигата, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Сао Паоло.

 

To top