Екипата на Охрид го направи првиот чекор кон пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. В
о полуфиналето од четвртфиналниот турнир „гладијаторите“ пред својата публика имаа лесна задача против Тиквеш, совладувајќи го со убедливи 42-25.
Домаќинот во исто темпо го продолжи полувремето и на одмор замина со единаесет гола предност (23-12).
Ништо поразлично не беше ниту во вторите триесет минути, затоа што Тиквеш немаше решение за расположениот домаќин и на крај мораше да се помири со пораз од 17 гола (42-25).
Најефикасен во редовите на Охрид беше Прибетиќ со 9 гола, а голманот Ѓорѓески имаше 8 одбрани.
Второто полуфинале од четвртфиналниот турнир во помеѓу екипите на МРК Куманово и Младост.