Македонскиот репрезентативен десен бек Мартин Серафимов и официјално си заминa од Алкалоид, откако доби исписница и стана слободен играч.
Според информациите во ракометните кулоари, Серафимов е најблиску до договор со РК Вардар 1961 и токму „црвено-црните“ се во пол-позиција да ги обезбедат неговите услуги.
Тимот на Иван Чупиќ е најблиску до освојување на шампионската титула во домашниот шампионат и враќање на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите што претставува дополнителен мотив за македонскиот репрезентативец.