Кошарка

Јокиќ и Мари пресилни за Лејкерси на Дончиќ и Џејмс

Јокиќ и Мари пресилни за Лејкерси на Дончиќ и Џејмс

Во исклучително важен натпревар за позиционирање пред плеј-офот во Западната конференција, Денвер Нагетс на домашен терен славеа против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 120-113.

Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален натпревар, завршувајќи со моќен трипл-дабл од 28 поени, 12 скока и 13 асистенции.

Српскиот центар имаше одлична поддршка од Џамал Мари, кој исто така броеше до 28 поени, додавајќи 7 асистенции и клучни погодоци од линијата за слободни фрлања во самата завршница (7/7).

Голем придонес во победата имаа и Џулијан Стротер со 18 поени, како и Кристијан Браун со 15 поени, кои одлично ги пополнија празнините во ротацијата и донесоа стабилност во играта на домаќините.

Од другата страна, првата ѕвезда на Лејкерси оваа сезона, Лука Дончиќ, беше најрасположен во таборот на гостите. Словенецот одигра речиси 40 минути и запиша дабл-дабл учинок со 27 поени, 11 скока и 7 асистенции, но немаше доволно тимска поддршка за целосен пресврт.

Ветеранот Леброн Џејмс го заврши мечот со 16 поени, 5 скока и 8 асистенции, додека одличен натпревар одигра Џексон Хејс со 19 поени (8/10 од игра).

To top