Промо

Кога сакаш да ѝ кажеш „ти благодарам“ на најубав начин, подари ѝ dm ваучер

Кога сакаш да ѝ кажеш „ти благодарам“ на најубав начин, подари ѝ dm ваучер

Барате подарок за 8 Март што ќе биде точно по нејзин вкус? dm ваучерот е оној сигурен избор кога купувате за мајка, сестра, другарка или колешка затоа што ѝ давате слобода самата да си избере што ѝ треба.

8 Март е ден за малите, но важни гестови. Ден кога сакаме да кажеме „ти благодарам“ на сите жени што се тука за нас со совет, со прегратка, со поддршка, со трпение. А кога сакаме подарок со кој нема да промашиме, најубаво е да подариме избор. Токму затоа, dm подарок ваучерите се едноставно и практично решение што секогаш остава убав впечаток.

Ваучерите се достапни во вредност од 500 и 1.000 денари и се идеални ако сакате да израдувате мајка, сестра, пријателка, колешка или драга личност. Наместо да погодувате дали повеќе сака парфем, крема, шминка или нешто за домот, со ваучерот ѝ оставате простор да си одбере сама  кога ќе посака и баш она што ѝ е најпотребно.

Со dm ваучерот, подарокот станува мало лично „време за себе“. Може да се искористи во сите dm продавници, каде што има избор од над 14.000 производи за нега, убавина, здравје и секојдневна грижа. Така, вашиот гест не останува само симболика туку се претвора во нешто што навистина ќе ѝ донесе радост и ќе го користи.

Плус, сè е лесно и брзо – без компликации, без трчање, без стрес. Само јасна порака: „Те ценам! “

dm подарок ваучерите можете да ги набавите во секоја dm продавница или да нарачате преку е-пошта на [email protected] или на телефон (02) 3222 733.

Најнови вести од Промо

To top