Свет летови

Летовите над јужен Азербејџан привремено прекинати

Некои летови над јужен Азербејџан беа привремено прекинати денеска по инцидент во близина на аеродромот Нахчиван, објавија медиумите во земјата.

Летовите над јужен Азербејџан привремено прекинати

Некои летови над јужен Азербејџан беа привремено прекинати денеска по инцидент во близина на аеродромот Нахчиван, објавија медиумите во земјата.

Според извештаите, рутите на голем број меѓународни и регионални летови беа променети од безбедносни причини, а некои авиони беа пренасочени кон алтернативни коридори, објавува веб-страницата „Аз политика“.

Оваа одлука е донесена за да се минимизира ризикот во воздушниот простор поради тензиите во регионот на Заливот.

Во исто време, владата одлучи да го суспендира движењето на камиони преку државната граница меѓу Азербејџан и Иран.

Како што објавија медиумите, напади со беспилотни летала беа извршени денеска од правец на Иран против цивилната инфраструктура во автономната република Нахчиван во Азербејџан.

Нападите беа насочени кон Меѓународниот аеродром, училиште и други цели во областа, а неколку цивили беа повредени, додека зградата на терминалот на аеродромот беше оштетена.

„Со оглед на моменталната ситуација што произлезе од овие напади, кои се спротивни на нормите и принципите на меѓународното право, владата донесе одлука за привремено целосно прекинување на движењето на камиони, вклучително и оние во транзит, на сите гранични премини долж границата меѓу Азербејџан и Иран“, се вели во соопштението.

To top