Ракомет

Грчевски: Не се справивме ниту со сопствениот притисок

Грчевски: Не се справивме ниту со сопствениот притисок

Иако женската ракометна репрезентација го контролираше резултатот во поголемиот дел од мечот со Белгија во текот на второто полувреме имаше и четири голови разлика, во финишот Белгијките направија пресврт и дојдоа до нивниот прв триумф во историјата на едни квалификации.

– Тежок натпревар, не се повлековме под притисокот од публиката, но не се справивме ниту со сопствениот притисок знаејќи што значи овој натпревар за нас. Почнавме добро, но имавме некои пропусти во нашата игра, а така го започнавме и второто полувреме, а сето ова се должи на нашата ротација бидејќи имаме многу повредени играчи и игравме без традиционален централен бек – изјави селекторот Гечевски по мечот со Белгија за ЕХФ официјалниот сајт.

Македонија повторно ќе се соочи со истата селекција, овој пат на домашен терен во Куманово.

Натпреварот ќе се одигра на 7 март со почеток од 17.00 часот.

Моментно во квалификациската група 3 водечка е Германија со шест бодови, следува Словенија со четири, Белгија има два, а последна е Македонија без ниту еден бод.

To top