Македонската кошаркаркарска репрезентација запиша пад од две места на најновата ФИБА ранг листа.
Нашата земја се наоѓа на 62. позиција, има 220 бодови. Истата е направена по завршување на претквалификацискиот прозорец.
На врвот на оваа листа се наоѓа Америка, по што следат Германија и Србија. Франција е четврта, Канада петта, Австралија шеста, а Шпанија седма.
Аргентина, Литванија и Бразил исто така го заокружуваат Топ 10.