Шефот на оманската дипломатија, Бадр ал-Бусаиди, денеска уште еднаш повика на прекин на војната и рече дека Оман ќе помогне во враќањето на луѓето кои беа заглавени на негова територија поради конфликтот.
„Оманската влада работи со вашите влади и меѓународни авиокомпании за да организира летови што ќе ве вратат дома“, напиша тој во објава на Платформа Икс.
Министерот додаде дека тоа важи за сите луѓе, без оглед на државјанството.
„Граѓаните на сите земји имаат човеково право на безбедност и заштита. Да ја запреме оваа војна сега“, рече тој. (МИА)