Иранската Црвена полумесечина денеска соопшти дека за шест дена, од почетокот на американско-израелските напади, во Иран оштетени се најмалку 105 цивилни објекти.
Досега вкупно има 1.332 напади на 636 локации, соопшти иранската Црвена полумесечина.
Иранските медиуми објавија дека се погодени станбени области во неколку градови, вклучително и делови од Техеран.
САД и Израел тврдат дека нападите се насочени кон иранската воена инфраструктура, вклучувајќи командни центри, безбедносни агенции и други објекти, со цел да се спречи Иран да се стекне нуклеарно оружје, како и да се ослабне неговата ракетна програма. (МИА)