Останати спортови

УФЦ ќе им ги зголеми бонусите на борачите

УФЦ ќе им ги зголеми бонусите на борачите

Претседателот и главен оперативен директот на „TKO Груп холдингс“, Марк Шапиро, се осврна на зголемените поплаки за платите на борачите, само по неколку месеци откако УФЦ потпиша нов телевизиски договор од 7,7 милијарди долари.

Кон крајот на минатата година, водечката светска MMA-промоција објави дека го прекинува својот PPV-модел и дека се префрла во „Парамаунт“ по исклучително успешното партнерство со ЕСПН.

Огромниот договор поттикна оптимизам кај борачите и кај обожавателите за потенцијалот за зголемување на платите на борачите.

Пред првиот УФЦ-настан во годината, претседателот на промоцијата, Дана Вајт, објави дека, по борбата, ќе бидат зголемени бонусите од 50.000 на 100.000 долари.

Покрај тоа, беше објавено дека сите борачи што ќе ги завршат своите борби со прекин ќе добијат дополнителни 25.000 долари.

To top