Останати спортови

Историја за Вардар и Младост УГД во одбојкарскиот Куп на Македонија

Историја за Вардар и Младост УГД во одбојкарскиот Куп на Македонија

Одбојкарките на Вардар ЕМ Скопје го приредија првото големо изненадување во Купот на ОФМ во женска конкуренција.

Во првиот натпревар од четвртфиналето со 3-0 (25-23, 25-20, 27-25) го елиминираа ланскиот полуфиналист и повеќекратен освојувач на куп-пехарот Работнички

Во напнат и неизвесен, на моменти и нервозен дуел, „црвено-црниот“ тим остана мирен во клучните моменти и стигна до историски успех – пласман на Ф4. „Вардарки“ претходно во осминафиналната рунда му земаа мерка на уште еден градски ривал и лански учесник на Ф4, Фит Фан Волеј.

Вардар ЕМ во пролетниот дел од сезоната игра во нагорна линија како во првенството, така и во Купот и дефинитивно ќе биде убаво освежување на финалниот турнир.

Историски клупски успех и за Младост УГД, кој премиерно букираше билет на Ф4 во Купот на ОФМ 2026 откако во четвртфиналето со 3-1 (25-22, 23-25, 25-23, 25-19) го победи ланскиот финалист Јанта Волеј КВ.

Младост УГД за првпат ќе игра на финалниот турнир од Купот заедно со бранителот на титулата, Наковски Волеј, кој со 3-0 (25-14, 25-17, 25-17) го совлада тимот на Струмица жени.

Последниот учесник на завршницата од Купот на ОФМ 2026 кај девојките ќе биде познат на 11 март кога ќе играат Газели Волеј и Пелистер Волеј.

To top