Најмалку 20 Палестинци загинаа синоќа, а 150 се ранети во израелски напад додека чекале ред за храна во Газа, соопшти Министерството за здравство во Појасот.
Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кидра изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи десетици тешко ранети луѓе се донесени во градската болница Ал-Шифа.
Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, но повтори дека целта не била цивили.
Од 7 септември израелската армија убила повеќе од 25.700, а ранила околу 63.000 Палестинци во Појасот Газа. (МИА)