Кошарка

Босанецот Делалиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

Босанецот Делалиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје ги засили своите редови со играч кој ќе треба да помогне во играта под обрачите, а неговото име е Харис Делалиќ.

Делалиќ е искусен играч кој во досегашната кариера има настапувано во Босна и Херцеговина и Белгија, а во таборот на „металците“ доаѓа од редовите на Игокеа. Тој има 29 години, висок е 203 сантиметри и може да ги покрие позициите четири и пет.

Дебито во дресот на „штрковите“ треба да го има на АБА2 турнирот во Нови Сад каде македонскиот тим ќе ги одмери силите со Шенчур, Шибенка и  Војводина во периодот од  29 јануари и 4 јануари.

To top