Ракомет

Грчевски: Одбраната ќе биде клучна

Грчевски: Одбраната ќе биде клучна

Македонската женска ракометна репрезентација во Белгија го игра првиот од двата квалификациски дуели против оваа селекција за пласман на Европското првенство 2026 година.

Македонија исто како и противникот има два порази на стартот во овие квалфикации, за победа на двата меча ќе значи освојување на третото место кое носи пласман на континенталното натпреварување.

„Знеме што значат и двата натпревари ќе пробаме да направиме позитивен резултат на гостински терен. Белгија има изненадувачки добра екипа, има ракометарки кои играат во Франција, Холандија…Ќе пробаме максимално да се подготвиме, ќе дадеме се од себе за да имаме добар реванш. Секој гол ќе биде важен и за нас, но и за нив. 

Клучна ќе биде одбраната особено на гостински терен, да примиме помалку голови, а да дадеме што повеќе. Одиме чекор по чекор, не би давал изјави за вториот меч, важен е првиот дуел во овој момент. Мислам дека ќе успееме и ќе се вратиме со посакуваниот резултат“, изјави селекторот Кристијан Грчевски. 

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра денес со почеток во 20:10 часот.

To top