Останати спортови

ВАР-технологијата влегува и во Формула 1

ВАР-технологијата влегува и во Формула 1

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) воведува нов технолошки систем во претстојната сезона од Формула 1, со цел да ја зголеми ефикасноста и прецизноста при донесувањето судиски одлуки.

Станува збор за технологија налик на видео-асистент судија, која ќе ги следи болидите во реално време додека се движат по патеката.

Новиот систем, наречен ЕКАТ, ќе биде фокусиран особено на ситуациите во свиоците, каде што најчесто доаѓа до излегување надвор од дозволените граници на патеката.

Со неговата примена ќе се укине досегашната практика на рачно прегледување на спорните ситуации од страна на судиите, што честопати одземаше значително време и предизвикуваше дополнителни дебати.

Со воведувањето на ЕКАТ-системот, процесот на детектирање на прекршувањата ќе биде значително автоматизиран.

Федерацијата ќе им доставува на тимовите автоматски генерирани фотографии од секој констатиран прекршок на нивните возачи, што ќе овозможи побрза комуникација и намалување на можноста за човечка грешка.

Покрај забрзувањето на постапката, се очекува и зголемена точност во носењето одлуки, со што ќе се намали просторот за контроверзии.

 

To top