Кошарка

Магдевски: Лошо отворивме, ама оваа победа е добра за самодоверба

Магдевски: Лошо отворивме, ама оваа победа е добра за самодоверба

Кошаркарската репрезентација на Македонија го победи Азербејџан (70-78) во претквалификациите за ЕП 2029 и се пласира во следната фаза.

Еден од лидерите на тимот беше Андреј Магдевски, кој го анализира одиграното во Баку.

„Лошо го отворивме натпреварот. Му дозволивме на противникот да постигнат многу лесни поени и да се разиграат, особено ниввиот најдобар играч. Сè се смени кога ја променивме нашата одбрана, почнавме да преземаме подобро и успеавме да го смириме темпото. Во нападот повеќе ја движевме топката, се боревме за секоја педа на теренот, и сметам дека заслужено победивме на крајот. Оваа победа ќе ни ја крене самодовербата, не само пред завршните дуели од овие претквалификации, туку и во иднина, кога не очекуваат уште потешки натпревари“, изјави Магдевски.

To top