Фудбал По две одиграни кола, Македонија има шест освоени бодови

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Избраничките на селекторот Катерина Милеска на отворањето на турнирот што се игра во Струмица забележаа победа против Грузија од 1-0, а во завршниот натпревар од квалификациите во битката за првото место во групата ќе играат против Северна Ирска на 6. март од 13:00 часот.

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години триумфираше попладнево во Струмица против Луксембург со 2:0 за втора победа на квалификацискиот турнир за Европското првенство – Б лига.

Лана Спасовска во 17. минута од натпреварот донесе водство за македонската репрезентација, а девет минути подоцна Лаила Бала ја удвои предноста, поставувајќи го конечниот резултат.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска на отворањето на турнирот што се игра во Струмица забележаа победа против Грузија од 1-0, а во завршниот натпревар од квалификациите во битката за првото место во групата ќе играат против Северна Ирска на 6. март од 13:00 часот.

По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат по шест освоени бодови, додека Грузија и Луксембург се без бодови. (МИА)

To top