Сопругот и татко на сега починатите мајка и ќерка кои вчера паднаа од зграда во Тафталиџе имал богата криминално досие.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
-Во СВР Скопје за лицетоима 10 кривични пријава за дела од областа на насилен криминал, имотни деликти и дрога. Во декември 2025 година по апсење за дрога, биле пронајдени 20 паковки дрога, а МВР отпочнало брза постапка и доставиле кривична пријава до Јавното обвинителство и од страна на ЈО биле побарани мерки на претпазливост и истите биле изречени од судот. Во 2025 и 2026 година имало повеќе пријави за нарушени односи и човечки напади меѓу сопружниците и полицијата постапувала. Во сите наврати пријавите биле повлекувани и сега починатата Ивана се откажувала од водење на понатамошни постапки, вели Тошковски.
На вчерашната трагедија и претходела нова расправа меѓу сопружниците при што полицијата интервенирала, но Ивана изјавила дека немало физички контакт, се работело за недоразбирање кое ќе го решеле по мирен пат и не бара полициска интервенција. Тошковски вели дека сега почината Ивана, ставила свој потпис на сочинетата белешка пред заминувањето на полицијата.