Апсолутен победник на Националното кик бокс првенството кое се одржа вчера во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е КБК Шампион од Скопје, кој со 31 златен, 8 сребрени и 6 бронзени медали.
Убедливо го освои првото место и заслужено го подигна златниот пехар.
Она што ја прави оваа победа уште повредна е фактот што клубот настапи со вистинска плејада борци од сите возрасни категории – деца, кадети, јуниори и сениори.
Вкупно 43 натпреварувачи го претставуваа клубот, реализирајќи 54 натпреварувачки влезови, од кои 40 беа во машка и 14 во женска конкуренција.
Овие бројки не само што ја потврдуваат масовноста на клубот, туку и неговата стратешка и системска работа со млади категории, како и силното присуство во сениорска конкуренција.
Доминацијата беше резултат на континуирана работа, стручен тренерски тим и јасна визија за развој на шампиони во континуитет.
Тренерот на клубот, Дејан Митровски – Урко, изрази огромно задоволство од настапот на своите натпреварувачи. Тој потенцираше дека е особено горд на дисциплината, посветеноста и шампионскиот дух што го покажале сите генерации, нагласувајќи дека успехот е резултат на макотрпна работа и заедничка верба во целта