Кошарка

Неизвесно враќањето на Стеф Кари на кошаркарските терени

Неизвесно враќањето на Стеф Кари на кошаркарските терени

Кошаркарот на Голден Стејт Стеф Кари навести дека неговото враќање на теренот може да биде пролонгирано и да биде подоцна од најавите. Тој има повреда на коленото.

Во интервју во завршницата на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, Кари најави дека наскоро ќе се врати на теренот и дека ќе мора да биде максимално подготвен бидејќи до плеј офот секој натпревар ќе биде исклучително важен.

Тој последниот натпревар го одигра кон крајот на јануари, а периодот на лекување трае подолго од проценките со што трае неговата пауза од терените.

Голден Стејт Вориорс со скор 31 победа и 29 порази се наоѓаат на осмото место од Запад.

To top