Пред натпреварот против ПСЖ во Битола зборуваше Петар Атанасијевиќ.
Македонскиот репрезентативец вети голема борба во последниот домашен меч од Лигата на шампионите.
„Ова за нас е последен домашен меч за нас во Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе и ја повикувам публиката во што е можно поголем број да ужива во натпреварот. Добро се чувствуваме сите, немаме повредени играчи, сите сме во добра хемија и се надевам тоа ќе го префрлиме на терен. Ни следи тежок и напорен меч, но ние ќе играме до крајот“, изјави Атанасијевиќ.
Натпреварот меѓу Е.Пелистер и ПСЖ во Битола се игра на 4 март со почеток од 20:45 часот