Македонија 1000 пати кажана лага станува вистина? јок...

ИНВЕНТИВНОСТ НА ПОВТОРУВАЧИТЕ ОД СДС: „Преклански“ прес за марихуаната во Србија, НА БИХАЌКА НИШТО НОВО

Туку, стопанот ви е во Дубаи или по војната со Иран избега на сафари со фамилија во Кенија?

Имаме ли договор за екстрадиција со Кенија?

Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…

ИНВЕНТИВНОСТ НА ПОВТОРУВАЧИТЕ ОД СДС:  „Преклански“ прес за марихуаната во Србија, НА БИХАЌКА НИШТО НОВО

Цели 30 денови СДС како расипана 33-ка плоча ставена на 45-ка вергла едно те исто, без да каже ништо ново. Месец дена прашуваат како марихуаната од нивните плантажери, поврзани директно со нивни високи функционери се нашла во Србија. Во меѓувреме, Србија ги уапси сите инволвирани на нивната страна, Македонија на сопствената.

Исто така, оттогаш државата заплени уште 41 тон од нивните плантажерковци, се јави Жан Митрев, дури и Артан Груби се врати. Кај и да е, и тој ќе се јави, ако не верувате, прашајте ги Венко и Зоран. А за СДС, и натаму главна вест е запленетата марихуана од пред еден месец?!?!

Од третиот ден, цела Македонија, светот и врапчињата знаат дека со „one stop“ системот стоката не се проверува кај нас, туку дека тоа се прави во Србија. И обратно, за стока од Србија. Знаат и малите деца, бебињата, само не и инфантилните СДС пи-ар стратези, кои индолентно мислат дека 100 пати кажана лага и глупост станува вистина и факт.

Затоа, стокмената Богданка повторно, по кој знае кој пат, остро свика и промуќурно срочи и денеска:

„Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара?“

Аман…

Останатото од пресот не ви го пишуваме, затоа што нема поента. Никаква. Повторено и кажано од нив 1000 пати. И пак, утре. А, ако ви зафали, ќе го видите и задутре. Па прекутре…

 

П.С.

Туку, стопанот ви е во Дубаи или по војната со Иран избега на сафари со фамилија во Кенија?

Имаме ли договор за екстрадиција со Кенија?

Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…

 

Најнови вести од Македонија

To top