Крајот на минатата недела во општина Василево заврши со убав настан – посета на двете карневалски групи од ООУ „Гоце Делчев“, Василево, на општината. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов како домаќин, ги прими во кабинетот дечињата маскирани како „Диско рокери“ и Џуџињата на Дедо Мраз“, со нивните наставнички.
и им упати честитки за вложениот труд, ентузијазам и посветеност во изработката на маските со кои ја претставија општина Василево на Струмичкиот карневал.
Информација и фотографии од средбата, градоначалникот Андонов, сподели преку својот ФБ профил.
„Кабинетот на градоначалникот Славе Андонов, денес беше исполнет со искрена радост, детска насмевка и позитивна енергија. Гости беа најмилите – нашите ученици, учесници
на детскиот карневал: „Џуџињата на Дедо Мраз“ – Василево II-1 и „Диско рокери“ – одд. II од ООУ „Гоце Делчев“ Василево. Горди сме на нивната креативност, труд и енергија со кои достојно ја претставија нашата општина. Честитки до учениците и до нивните наставнички, Сузана Илиева и Слаџана Тимова за вложениот труд и посветеност“, стои во објавата во која исто така Градоначалникот најавува еднодневна прошетка за учесниците како награда за вложениот труд.
„Општина Василево за нашите најмили ќе организира еднодневна прошетка, како мал знак на внимание и благодарност за нивниот успех и радостa што ни ја донесоа. Од срце – продолжете да сонувате, творите и да нè правите горди“, им порача градоначалникот Андонов.
😊Кабинетот на градоначалникот Славе Андонов, денес беше исполнет со искрена радост, детска насмевка и позитивна…
Posted by Славе Андонов Градоначалник на општина Василево on Friday, February 27, 2026