Домен Превц уште еднаш покажа зошто важи за најдобар ски-скокач на денешницата откако Словенецот стигна до уште една победа во Светскиот куп, овојпат на натпреварувањето во Кулм, Aвстрија.
Ова беше шеста победа во низа на Превц во светскиот куп, во која стигна со два неверојатни скока каде беше водечки по првата серија со скок од 238 метри, за потоа на воодушевување на фановите во втората серија да скокне уште подобро, со неверојатни 245,5 метри запечатувајќи ја заслужената победа.
Домен Превц го урна рекордот на својот брат Петер Превц, кој во 2016 година имаше скок од 244 метри, што светскиот првак го подобри за половина метар.
Второто место го освои Австриецот Штефан Ембахер со скокови од 240,5 и 225 метри, додека третата позиција му припадна на Норвежанецот Форфанг со скокови од 225,5 и 224 метри.