Вести најави за одмазда за смртта на ајатолахот

Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен – Започна нов бран одмазнички напади

Иран веста ја потврди по часови негирање на информациите кои доаѓаа од Израел дека ајатолахот е убиен. Синоќа во објава на социјалната платформа Трут соушл, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Хамние е мртов, додавајќи дека тоа е голема шанса за народот на Иран да си ја врати земјата

Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен – Започна нов бран одмазнички напади

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, наведувајќи дека тој е убиен како „маченик“, во израелско-американските напади извршени вчера.

Информацијата ја објавија сите државни медиуми во Иран, од новинските агенции ИРНА и Фарс, до иранската државна телевизија на која беше прочитано соопштение за смртта на ајатолахот кој 37 години беше неоспорен авторитет во земјата.

„Водачот и имам на муслиманите, неговото високопреосвештенство ајатолахот Сејед Али Хосеини Хамнеи, на патот на почитување и возвишување кон светото светилиште на Исламската Република Иран, ја испи слатката чиста капка мачеништвото и се придружи на Врховното небесно царство“,

објави презентерот на иранската државна телевизина, според преводот на Ројтерс.

Иран веста ја потврди по часови негирање на информациите кои доаѓаа од Израел дека ајатолахот е убиен. Синоќа во објава на социјалната платформа Трут соушл, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Хамние е мртов, додавајќи дека тоа е голема шанса за народот на Иран да си ја врати земјата.

Убиениот верски лидер имаше клучна улога во обликувањето на внатрешната и надворешната политика на Иран во текот на последните децении, развивајќи ја Исламската Република во моќен регионален фактор, пренесе агенцијата ДПА.

Вчерашните израелско-американски напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што, според информациите се убиени највисоки функционери на Иран, меѓѓу нив и министерот за одбрана на земјата и шефот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, соопшти претходно израелската војска.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран во соопштение наведува дека „мачеништвото на имамот Али Хамнеи ќе го означи почетокот на големото востание против тираните на светот“.

Извештаите дека Хамнеи е мртов предизвикаа голем број граѓани на Иран излгле на улиците да ја оплакуваат смртта на врховниот лидер.

Најнови вести од Вести

To top