Кошаркарот на Жалгирис, Силвијан Франсиско, официјално е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 29. коло во Евролигата.
Франсиско имаше впечатлива партија во победата против Олимпијакос со 99-94, која беше извојувана дури по две продолженија.
Тој го заврши натпреварот со 23 поени, три скока, седум асистенции, две украдени топки и индекс на корисност 36, што беше највисок резултат во тоа коло.