Останати спортови

Марк Одермат победи во Гармиш-Партенкирхен

Марк Одермат победи во Гармиш-Партенкирхен

По олимпиското разочарување во Милано и Кортина каде што не успеа да дојде до златен медал, Марко Одермат експресно се врати во препознатлив ритам.

Швајцарецот триумфираше на спустот од Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен, потсетувајќи зошто со години е еден од најдоминантните во алпското скијање.

На култната патека „Кандахар“, долга 3.300 метри со висинска разлика од 920 метри,

Одермат извозе со време од 1:47.57 минути, оставајќи ги ги зад себе сонародниците Алексис Моне, со само четири стотинки заостанување, и Стефан Рогентин, кој беше побавен за 21 стотинка.

Олимпискиот шампион Фрањо фон Алмен, кој неодамна блесна со три златни медали во Бормио, овојпат мораше да се задоволи со шестата позиција, со задоцнување од една и пол секунда.

To top