Ракомет

ГРК Охрид го совлада Бутел Скопје во второто полувреме

ГРК Охрид го совлада Бутел Скопје во второто полувреме

ГРК Охрид победи на гостувањето кај Бутел Скопје со 22-28 (10-11).

Избраниците на Горан Кузманоски одиграа одлично прво полувреме против големиот фаворит. После 30 минути игра резултатот беше 10-11. После одморот гостите го зголемија темпото и со серија од 11-5 на стартот на последните 10 минути поведоа со 15-22.

Ојлески со осум гола беше прв стрелец зад него два гола помалку имаше Ѓукиќ. На другата страна Киселовски имаше шест погодоци, два помалку запиша Ѓеоргиевски.

Во меч од плеј-аут лигата Пролет славеше на гости кај Пелистер со 21-23.

To top