СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување.
Дали стравот од можните искази на Груби и информации што би можеле да излезат на виделина е причината за паниката во редовите на СДС? Дали поранешни функционери се загрижени од можноста да се отвори прашањето за нивната одговорност?
СДС неколку дена се расфрлаа со десетици различни тези во јавноста за случајот со Груби и со сите сили се обидоа да го заштитат Груби, дури повеќе од што го штитат и Заев и Филипче а потоа на собраниска седница молк по однос на тоа прашање.
Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“, потенцираат во партиското соопштение.
Од таму прашуваат: Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени?
Наместо молк и политички калкулации потребни се транспарентност и одговорност. Секој кој сторил криминал мора да одговара. Владеење на правото и правдата мора да има а институциите да профункционираат, потенцираат од владејачката партија.