Кошаркарот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александар, доби ддозвола од медицинскиот тим да се врати на теренот, откако пропушти девет натпревари во НБА лигата поради повреда на стомакот.
Канаѓанецот веќе не е на списокот повредени за натпреварите оваа вечер, кога бранителот на титулата и лидер во Западната конференција ќе биде домаќин на Денвер.
Во негово отсуство, Оклахома Сити ја задржа лидерската позиција на Западот, но претрпе четири порази наспроти пет победи.
Гилџус-Александар се повреди на 3 февруари во победата над Орландо.
Со просек од 31,8 поени, 6,4 асистенции, 4,4 скокови и 1,3 украдени топки по натпревар, Гилџус-Александњр останува во конкуренција за наградата за најкорисен играч (МВП) оваа сезона.