Поранешниот аргентински фудбалер сега тренер Мартин Демикелис официјално ја презеде тренерската функција во Мајорка.
Клубот соопшти дека е постигнат договор со стручњакот до крајот на актуелната сезона, а во истиот е вклучена и опција за продолжување на соработката за уште една година.
Пред Демикелис стои исклучително тешка задача – да го извлече тимот од зоната за испаѓање и да обезбеди резултатска и организациска стабилност до финишот на сезоната.
Новиот договор важи до крајот на сезоната, но постои можност соработката во Палма да биде продолжена за дополнителна година.