Македонија случка од 2020-та ја чини државата 11.000 евра

Македонија ќе треба да плаќа за тортура врз затвореник од времето на СДСМ

Се работи за настан од 3 август 2020 година пред затворската кантина во „Идризово“. Муслиу се жалеше дека бил изложен на тортура од командирот на полицијата стекнувајќи се со телесни повреди и дека властите во Македонија не спровеле ефективна истрага.

Македонија ќе треба да плаќа за тортура врз затвореник од времето на СДСМ

Македонија се обврза да му исплати 11.295 евра отштета на затвореникот Фитим Муслиу кој ја тужеше државата пред Европскиот суд за човекови права жалејќи се дека бил тепан од полицаец во затворот „Идризово“. Судот во Стразбур пресече во корист на Муслиу, информираше Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Се работи за настан од 3 август 2020 година пред затворската кантина во „Идризово“. Муслиу се жалеше дека бил изложен на тортура од командирот на полицијата стекнувајќи се со телесни повреди и дека властите во Македонија не спровеле ефективна истрага.

Судот во Стразбур вели и дека пресудата не ја ослободува Македонија од обврската да спроведе истрага, конкретно дека е прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права, за што се жалел Мислиу.

Соочена со доказите, Владата доставила унилатерална декларација до Судот во која признала повреда на член 3 од Конвенцијата за човекови права. Државата се обврзала да му исплати на Муслиу обештетување од 11.295 евра за нематеријална штета. Иако апликантот не бил целосно задоволен, Судот одлучи да го затвори предметот по ова признание.

Оштетениот бил застапуван од адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, член на тимот на адвокати на МЗМП.

Најнови вести од Македонија

To top