Еден од нашите најпознати млади македонски актери, Васил Зафирчев, вчеравечер сподели емотивна објава преку која за јавноста обзнани дека го загубил татка си.
-Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување. Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето. Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене. До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој, објави Зафирчев.
Редакцијата на Курир изразува искрено сочувство за загубата.