+ Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација. И тие, како и ние, имаат две победи во првиот круг.
Победата е многу значајна, може да кажам дека би била и најважната во овие два меча што следуваат, вели кошаркарскиот репрезентативен бек на Македонија и член на КК МЗТ Скопје Аеродром, Марин Петков, пред мечевите во претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година.
По двете победи над Азербејџан дома и над Република Ирска на гости, македонската репрезентација во групата А утре во салата „Градски парк“ во Скопје (18 ч.) ќе го пречека Луксембург, а в понеделник гостува во Азербејџан.
– Интересно е на тренинзите. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за играта во одбрана и во напад. Мислам дека на секоја репрезентација би ѝ одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји, заедно со САД и Србија. Оттука, стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И, секако, одиме на победа – вели Петков.
Победникот на секоја од трите групи и најдобрата второпласирана репрезентација ќе обезбедат пласман во квалификациите на ЕП 2029.