Кошарка

Хап е среќен што повторно ќе го облече дресот на Македонија

Хап е среќен што повторно ќе го облече дресот на Македонија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ја чекаат два нови натпревари во претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Улога на натурализиран играч во репрезентацијата повторно му е доверена на Етан Хап.

Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на Американецот кој во овој момент е дел до шпанскиот АЦБ лигаш Бургос, да го направи тоа

„Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Сеуште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот.

Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. И новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим“ – вели крилниот играч .

Дуелот со селекцијата на Луксмебург, која исто како нашата, запиша две стартни победи против исти ривали, Азербејџан и Ирска.

Со оглед на тоа дека долги години е дела од најсилната шпанска лига, Хап е запознат со тоа како работи новиот селектор на Македонија, Жозеп Марија Берокал.

„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта.

Кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упатства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот.

Но сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеш дека си спремен да дадеш 100% од себе“ – заклучува Американецот со македонски пасош.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра во петок во салата „Градски Парк“ во Скопје против Луксембург.

 

To top