Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Станковиќ: Нова политика во делот на субвенционирање на земјоделски производи за раст и развој на аграрниот сектор

На денешната собраниска седница за пратенички прашања имаше обраќање пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, кој упати  две  пратенички прашања од кои едното до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и второто до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Станковиќ: Нова политика во делот на субвенционирање на земјоделски производи за раст и развој на аграрниот сектор

На денешната собраниска седница за пратенички прашања имаше обраќање пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, кој упати  две  пратенички прашања од кои едното до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и второто до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Првото прашање кое пратеникот Станковиќ го упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше во контекст на Минхенската безбедносна конференција во однос на тоа кои се неговите впечатоци и кои средби се остварени таму, притоа потенцирајќи дека конференцијата е од клучно значење за Република Македонија.

„Целата светска јавност беше свртена на она што се случуваше на Минхенската безбедносна конференција на која што вие ја предводевте нашата македонска делегација, таму учествуваа над 1000 делегати, претставени беа 115 држави, 60 држави беа претставувани од шефовите на своите дипломати, 100 министри за надворешни работи, претставена беше ЕУ, претставена беше НАТО, навистина една многу сериозна конференција на која што за среќа учествувавте и вие, односно учествуваше и соодветно беше претставена Република Македонија. Опозицијата цело време тврди дека сме ние изолирани како држава па јас би сакал да ви поставам директно прашање во однос на тоа какви се вашите впечатоци од таа средба и дали воспоставивте некакви директни средби со светските лидери односно со луѓето коишто беа на оваа безбедносна конференција, бидејќи тоа е од навистина големо значење за Република Македонија“, рече Станковиќ.

Пратеникот Станковиќ второто прашање кое го упати до министерот Трипуновски се однесуваше на субвенциите за земјоделците и промените кои се прават во земјоделската политика,  со цел поголем извоз на земјоделски производи, а и добивање на средствата кои ги заслужуваат земјоделците.

„Земјоделието е клучна гранка која што треба да влијае на надминување на оној дисбаланс кој што постои помеѓу увозот и извозот пред се на земјоделски производи, нашата борба како Влада и како држава е ако можеме тој дисбаланс да го надминеме односно да влеземе во една позитива повеќе да извеземе, врз основа на она што го увезуваме.  Дојде време да се направат некои промени и во земјоделската политика, односно да се смени системот на субвенционирање на земјоделски производи. Деновиве направивте навистина една промена во овој поглед, односно воспоставувате една нова политика во делот на субвенционирањата на земјоделски производи, вие тврдите дека вистинските земјоделци конечно ќе ги добијат оние средства коишто ги заслужуваат кои ги заслужуваат. Подетално да ни објасните што предвидува оваа нова политика?“, праша Станковиќ.

Најнови вести од Македонија

To top