Ракомет

Е.Пелистер освои бод во дуелот со ГОГ Гудме

Е.Пелистер освои бод во дуелот со ГОГ Гудме

Ракометарите на Е. Пелистер ја прекинаа серијата од четири порази во Лигата на шампиони, откако освоија бод на гостински терен во дуелот со ГОГ Гудме, одигрувајќи нерешено 28-28 (11-15) во рамки на 12. коло во групата Б.

Македонскиот шампион резервирано влезе на натпреварот довозлувајќи му на данскиот првак да го контролира резултатот од самиот почеток и да дојде до највисоко водство од пет голови разлика (13-8) во првото полувреме.

Натпреварот влезе во завршните 15 минути со предност на домаќинот од 22-18, но од тој момент на сцената стапи голманот Никола Митровски, кој со серија одбрани го врати Еурофарм Пелистер во игра за победа.

Еурофарм Пелистер со цепелинот на Кузмановски и Манасков дојде до израмнување на резултатот во 52 минута (24-24), а во следната за прв пат и поведе (25-24).

Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која македонскиот првак се одбрани во последниот напад на ГОГ Гудме и остана непоразен на гостувањето во Данска.

Андреј Видомски со седум голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Митревски запиша 13 интервенции.

Со овој бод Еурофарм Пелистер остана на претпоследното место со 5 бодови, но ги задржа теоретските шанси за пласман во нокаут фазата пред двата завршни натпревари против ПСЖ на домашен и Барселона на гостински терен.

To top