Хроника

Тешко повредени двајца малолетници, со мотор се судриле со товарно возило

Тешко повредени двајца малолетници, со мотор се судриле со товарно возило

На 24.02.2026 во 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

To top