Познати

Една година по разводот: Познатата пејачка со врска со внукот на Зигмунд Фројд

Една година по разводот: Познатата пејачка со врска со внукот на Зигмунд Фројд

Британската пејачка Лили Ален потврди дека е во врска со Џона Фројд, правнукот на познатиот австриски невролог и психолог Зигмунд Фројд. Веста доаѓа една година по нејзиниот развод од актерот Дејвид Харбор, со кого беше во брак од 2020 година.

Иако Ален и Фројд беа видени заедно неколку пати во последните месеци, пејачката досега не зборуваше јавно за својот љубовен статус. Во интервју за списанието „Грација“, кога ја прашаа кој е последниот човек на кој ѝ испратила порака, таа кратко одговори: „Моето момче“, потврдувајќи за првпат дека е повторно вљубена.

Двојката неодамна престојуваше во Рим и Париз. Во италијанската престолнина беа фотографирани додека пиеја кафе пред едно кафуле, а престојуваа во луксузен хотел каде што ноќевање во апартман чини околу 930 евра.

Фотографиите од двојката можете да ги видите овде.

Неколку дена подоцна, тие отпатувале заедно во Париз за Неделата на модата, каде што беа видени како го напуштаат станот, поттикнувајќи гласини дека се во сериозна врска.

To top